Објавена првата фотка од принцот Хари после обвинувањата дека брат му го нападнал и доживеал траума: Шета сам по најголемата бура
Foto: Profimedia
Британски „Дејли мејл“ по ексклузивните информации до кои дојде „Гардијан“, во врска со мемоарите на принцот Хари во кои тој ги откри тешкотиите во врската со својот брат и кралското семејство, oбјавени се првите фотографии од војводата од Сасекс по тешките обвинувања против Вилијам, Кејт Мидлтон и кралот Чарлс.
Хари е фотографиран со едно од неговите кучиња во Калифорнија. Во моментот кога го шетал својот лабрадор на дожд, медиумите ширум светот пишуваа за неговите обвинувања кон кралското семејство.
Во мемоарите, Хари се осврнува на физичката пресметка со неговиот брат Вилијам и како неговиот брат и Кејт Мидлтон го „наместиле“ скандалот во 2005 година кога го убедиле дека е добра идеја да се носи нацистичка униформа на маскенбал.
#PrinceHarry with a poop a scooper, ready to pick up the many pieces BS from #Spare. pic.twitter.com/eyeUnjdr9v
— The Caribbean Prince (@Freedom16356531) January 5, 2023
Војводата од Сасекс во книгата „Spare“ напишал дека сите настани, како и трауматската загуба на неговата мајка, оставиле неизбришлива трага кај него, па со години одел кај терапевт за да се ослободи од наметливите и негативни мисли. Во своите мемоари објаснил и зошто ја нарекол „Spare“. Имено, татко му го опишал со тој збор кога се родил.
Книгата „Spare“ ќе биде достапна за јавноста ширум светот на 10 јануари, а се очекува книгата да предизвика многу бурни реакции. Засега никој од членовите на кралското семејство не зборувал за книгата на војводата од Сасекс.