Очекувала седморка, родила девет бебиња: Лекарите не можеле да си дојдат при себе од изненадувањето кое го доживеале

Трудница од Мали се породила во болница во Мароко и родила 5 девојчиња и 4 момчиња

Халима Сисе (25) од Мали била изненадена кога докторот по ултразвучниот преглед и рекол дека ќе роди седум деца. Уште поголем шок следел кога младата мајка се породила - родила 9 бебиња со царски рез.

Кога лекарите во март рекоа дека на Халима ќе и биде потребна посебна грижа, со оглед на нејзината специфична бременост и дека ќе мора да биде под надзор на лекар специјалист, таа била пренесена во Мароко. Таа таму се породила и родила 5 девојчиња и 4 момчиња.

- Мама и бебињата засега се чувствуваат добро - рекла министерката за здравство Малија, која е информирана за состојбата на младата мајка и нејзиното потомство од докторот кој патуваше во Мароко со Халима.

- Тие треба да се вратат во својата татковина за неколку недели.

Лекарите биле крајно загрижени за здравјето на г-ѓа Сиса и нејзините потомци. Имено, мал број бремени жени родиле девет бебиња одеднаш, а покрај тоа, шансите за преживување на бебето се генерално мали.


Кога ја родив Емилија лекарите ми рекоа: Родивте дете од една година