Откако 5 години се обидувале да добијат второ дете: Нада прво дозна дека има коронавирус, а потоа и дека е бремена
Актерката Нада Маканковиќ е бремена по втор пат!
Бременоста се случи токму во моментот кога Нада откри дека е позитивна на коронавирусот, но сега ситуацијата е во најдобар ред и актерката едвај чека семејството да стане побогато за друг член.
- Ќе морам да ги прекинам деловните обврски од приватна причина. Доаѓа уште едно бебе - низ насмевка изјави успешната актерка.
Нада Маканковиќ е мажена за поранешниот репрезентативец, а сега тренер на одбојкарскиот клуб Партизан, Бојан Јаниќ. Двајцата го имаат синот Милутин, кој го играше синот на Милош Биковиќ во серијата „Јужен ветер“.
- Милутин навистина го едавај го чека тоа. Разликата помеѓу Милутин и другото бебе ќе е шест години и еден месец. Ни требаа скоро пет години да го добиеме првото дете, навистина се обидувавме и точно пет години се трудевме да го добиеме второто дете. Така сакаше судбината - искрена е актерката.
- Бев многу изненадена од бременоста затоа што се појави во самиот момент кога бев позитивна на ковид-19. Пет дена по тестот за ковид, направив тест за бременост и двата теста беа позитивни. На почетокот беше многу стресно за мене, бидејќи не знаев дали сè ќе биде во ред, дали плодот ќе преживее. Лекарите не знаат што да ви кажат, нема доволно податоци за тоа како вирусот влијае на фетусот. Првите три месеци никому не реков ништо за бременоста - рече актерката во „Меѓу нас“ и на крајот изјави:
- Фала му на Бога, сега сè е во ред. Немав никакви симптоми, едноставно дишев малку потешко, но немав ниту треска.
извор:GLOSSY
Поврзани вести:
-Роди близнаци на 64-годишна возраст: Врховниот суд пресуди да ѝ се одземат бидејќи таа не може да се грижи за нив
-Јелена е доказ дека по ин витро, може да затрудните природно: Инспиративна приказна на жената која се породи во автомобил