Ова е полусестрата на принцовите Вилијам и Хари, за неа не се зборува во јавноста: Еве зошто!

Принцовите Вилијам и Хари имаат и полусестра и полубрат, но Лаура Паркер Боулс не сака да ја гледаат во медиумите од многу важна причина.

Токму кога се мислеше дека конечно научивме се‘ за кралското семејство, како и обично, во јавноста се појави нова приказна, која, како непишано правило, беше скриена од јавноста од различни причини.

На пример, веруваме дека не сте знаеле дека принцовите Вилијам и Хари имаат и полубрат и полусестра. Сепак, за нив ретко се зборува во јавност, и има важна причина за сето тоа.

Имено, иако Камила Паркер стана почитувана дворска дама со тоа што се омажи за Чарлс, зад себе има повеќе од турбулентно минато. Веќе е добро познато дека таа ја криеше врската со Чарлс сите години кога тој беше со Дијана, и дека кога Чарлс отиде на воена служба, од инает таа започна да излегува со Ендрју Паркер Боулс, кого подоцна и стана сопруг и со кого има две деца - синот Том и ќерката Лаура. 

Синот на Камила, Том, е почитуван критичар на ресторани и писател и тој редовно се појавува низ британските телевизии. Честопати беше лут на папараците кои го следеа, но се навикна на нив.

Од друга страна, Лаура никогаш не ги прифати и гласините и озборувањата за нејзината мајка и нивното семејство, сето тоа паднаа врз неа многу потешко. Така и денес, кога и да отиде на настан, се држи подалеку од објективот. 

Исто така, Лаура еднаш мораше некое време да се раздели од семејството за да го заштити од медиумите и насловните страници, што исто така беше многу тешко за неа, но денес таа има свое семејство и очигледно е дека животот во анонимност ѝ одговара.


Фото: Профимедиа

Проклетата жена нема милост: Принцот Вилијам призна што мисли за Меган Маркл