Животна училница // Приказни
Оваа победа е за сите кои изгубиле некого: Биба и вечерва најдобра на „Охрид-фест“
- 07 Септември, 2019
Со автобиографската балада „Како некогаш“, Биба Додева победи и на вечерашната интернационална вечер на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“. На музиката и на аранжманот на моќниот рефрен на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата и наша редовна колумнистка Ана Бунтеска.
Биба синоќа кога триумфира и во поп-вечерта на фестивалот, ексклузивно ни ја раскажа приказната како настанала оваа нумера.
- Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого - ни откри познатата пејачка и хуманистка.