Пејачката има 140 килограми, но комплекси нема: Облече проѕирна тоалета и излезе пред фотографите-настана молк! (ФОТО)

Кога Меган Фокс носи проѕирен (мрежест) фустан само со долна облека, тогаш сите ја фалат, но кога Лизо го прави тоа - приказната добива неочекуван пресврт

Познатата пејачка Лизо (33) е позната во Америка како уметник кој ја поттикнува различноста. Како прво, таа е дебела жена од 140 килограми. Сепак, Лизо ја обожава својата тежина, а своето тело со задоволство го покажува на плажа, но и на црвениот тепих.

Завчера, таа се појави на роденденот на раперката Карди Б, облечена во мрежесто виолетова тоалета под која носеше само гаќи. Имаше комплицирана фризура на главата, додека дојде на забавата боса!



Лизо се обиде да им покаже на фотографите најдобар агол, држејќи ја раката на нејзиниот телохранител цело време.

Се чини дека темата на оваа забава беше „откривање“, бидејќи сите гости дојдоа полуголи.

Мелиса Вивијан Џеферсон (33), попозната по уметничкото име Лизо, е пејачка, музичарка (свири на флејта) и актерка. Родена е во Детроит, израсната во Хјустон и ја опишува својата музика како „црковно евангелие со кое се дружи“.

Лизо е едноставно тоа: спој на некомпатибилно! Со својата 177 см висина и 140 килограми тежина, Лизо е „голема“ жена.



Музичарката свири на флејта од десетгодишна возраст, а дипломирала на изведување на истата. Иако нејзината музика е таму за да блесне во овој момент и да понуди нешто ново, Лизо сепак е повеќе гледана отколку слушана.






-Не можам да се разбудам еден ден и да не бидам црна. Не можам да се разбудам еден ден и да не бидам жена. Не можам да се разбудам еден ден и да не бидам дебела.
Секогаш бев црнка, жена и дебела. Отсекогаш сум ги имала овие три работи против себе на овој свет, и бидејќи морам да се борам за себе, морам да се борам за сите вас што сте како мене“, изјави пејачката за тинејџерскиот Вог.


ФОТО: ИНСТАГРАМ