Пет години Mitra.mk!

Со голема радост го најавуваме нашиот петти роденден! Овие 5 години беа исполнети со постојан раст, иновации и силна посветеност кон вас – нашите драги клиенти. Без вашата доверба и поддршка, ова патување не би било возможно. 

Наш најголем успех во овие години е проширувањето на продажбата надвор од границите. Повеќе од кога било, сме фокусирани на глобално присуство, испорачувајќи квалитетни производи на клиенти ширум светот. Ова е нашата најважна мисија, и заедно со вас, знаеме дека ќе го освоиме светот!

Започнуваме со големи Попусти и Giveaways!
На 6ти октомври стартуваме со првиот giveaway – Ariete апарат за хамбургер, потоа ќе следи друг give away со Denver смарт часовник. а во текот на месецот ќе има и многу други изненадувања! Следете не и не пропуштајте ја шансата да освоите нешто одлично!

Од 9-ти до 14-ти октомври, ви подаруваме 20% попуст на сите производи кои не се на попуст, со кодот Mitrafest5! Дополнително, ќе имаме роденденски цени на многу производи за да ја прославиме оваа специјална прилика заедно! 

Оваа година, прославата на Mitrafest 5 ќе биде посебна. Музичкиот дел од настанот ќе биде посветен на нашиот драг пријател и голем поддржувач на Митра, Мирко Попов. Во негова чест, неговите најблиски, другари и дј-и ќе создадат миксови кои ќе го слават неговото наследство. Музичката прослава ќе започне на 15-ти октомври, на денот на неговиот роденден.

Со ваша поддршка и наша посветеност, сигурни сме дека најдобрите моменти допрва доаѓаат!

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и со нетрпение очекуваме да растеме заедно уште многу години!

ПР објава