По четврти пат татко: Борис Новковиќ доби син

Кантавторот Борис Новковиќ вчера стана татко по четврти пат, во шестата деценија.

Неговата партнерка Ирис Волф вчера роди син во загрепската болница „Меркур“. Според хрватските медиуми, избраничката на пејачот се породила со царски рез и породувањето поминало без никакви компликации.

Новковиќ е пресреќен што по четврти пат има дете.

„Како и секој пат досега кога добивав дете, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Сè мина добро со мама и бебето и едвај чекам да дојдат дома - изјавил Борис за хрватските медиуми.

Да потсетиме, кантавторот и манекенката во 2019 година добија ќерка која ја крстија Си.

„Ирис и јас избравме име заедно. Корените се од хебрејски јазик, па дури и во Кина има име Си“, рече пејачот пред две години за изборот на име на ќерката.

Нивната љубовна приказна започна пред две и пол години, а јавноста дозна за тоа кога се појавија заедно на загребската премиера на документарниот филм „Огнен“.

Минатата година се пишуваше дека Борис и Ирис раскинале, а потоа се помириле по краток период.

Новковиќ ги негираше тие обвинувања и рече дека е среќен во љубовта и дека ништо не му недостасува.

Со поранешната сопруга Луција со која се разведе во 2011 година има два сина. Новковиќ пет години беше во брак и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

извор: nova.rs