По невидената голгота: Тања Савиќ конечно го доби старателството над децата

Добивај вести на Viber

Пејачката вчера ги заинтригираше сите со емотивен пост на Инстаграм

Тања Савиќ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од своите синови и им испрати емотивна порака во која се осврна на тешката година што ја помина без нив.

- Залудни беа сите овие 335 дена без вас. Иако бев многу осамена, некако, со вашата смеа која (и покрај физичкото одвојување од вас) не избледе во моите мисли и беше стимул за денот кога повторно ќе ве видам. Тој глас ми даде надеж. Гласот на моите ангели. Само ние знаеме колку е волшебна таа љубов меѓу нас. Нешто што не може да се опише со зборови. Но, со поглед и насмевка, можеш - напишала Тања, меѓу другото.

View this post on Instagram

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)


Нејзините обожаватели беа збунети затоа што не знаеја што значи нејзината објава, дали судот во Австралија донесе одлука да и ги вратат нејзините синови Максим и Ѓорѓе, откако сопругот на Тања, Душан, ги однесе во Австралија пред речиси една година, без знаење на пејачката.

- Вистина е, ги добив децата! Многу сум среќна - рече Тања за Пинк. - Одам во Австралија за да ги земам, судот пресуди дека децата ми припаѓаат на мене и сега ќе ги донесам во Србија.


Фото: Инстгарам/tanja_savic_private

Можеби ќе ве интересира:

Тања Савиќ се расплака пред камерите: Со солзи кажа кој е човекот што го сакала најмногу