Поклон до земја: Нејзинот згасна, но спаси три животи

Добивај вести на Viber

Веста дека за прв пат во историјата на нашата земја се изврши трансплантација на срце од починат донор ја сплоти земјава. Синоќа, доцна во ноќта околу 02:00 часот се слушна силно ракоплескање по успешниот операционен зафат на тимот кардиолози од повеќе клиники, по успешната трансплантација на срце од починат донор.

Овој момент е огромен успех за медицината кај нас, но и голема човечност на семејството на трагично загинатата Емилија Динева. Синоќа, нејзиното срце спаси човечки живот, а исто така и нејзините бубрези се донирани на лица кои беа на листата на чекање, можеби и со години.

Поклон до земја, на нејзиното семејство, кое во овие тешки моемнти за нив, несебично и со големо срце одлучило да донира нејзини органи, за да се спасат човечки животи.