Поранешена манекенка од Србија омажена со богат арап: Што се крие зад животот од бајка на Аника Божиќ Ал Сарај?
Иако Јусуф нема титула, многумина го нарекуваат „арапски
принц“ затоа што е многу богат, поради што Аника го доби прекарот „арапска
принцеза“
Поранешната манекенка и новинарка Аника Божиќ Ал Сарај (35) го привлече вниманието на јавноста од поранешна СФРЈ со бракот со арапскиот бизнисмен, Јусуф Ал Сарај, родум од Палестина.
Секој нејзин пост на Инстаграм внимателно се следи, а следбениците можат да видат дел од нејзиниот живот „на висока нога“. Двојката живее на релација Париз-Каиро и го имаат синот Оман.
Иако е мажена за богат човек, Аника не сакаше да се откаже од својата кариера, па сепак заработува самостојно. Таа се занимава со мода, има свој блог и пишува колумна за модно списание. Секогаш кога тоа ќе го дозволат нејзините обврски, Аника оди во Србија и ги посетува семејството и пријателите.
Аника во една прилика зборуваше за медиуми во соседна Србија за животот од бајките обоен во раскош.
„Некако, на јавното мислење секогаш му требаат нови херои, некој што ќе го сакаат, ќе го мразат, бајки, принцови, приказни се потребни, потребен е момент на идентификација, но и момент на недостижното… Јас сум само една од хероите во бајки послужени од медиумите. Дел од програмата за леб и игри. Зависи кој и како го прави мојот живот гламурозен. Да бидеме реални и да се запрашаме кога последен пат емитувавме некоај емисија со која се документира нашиот престој во библиотеката или кога се грижиме за домот? “, рече таа за Блиц.
Таа откри и како се запознала со сегашниот сопруг, и од какво потекло потекнува, бидејќи медиумите шпекулираа дека тој е принц и шеик.
„Се запознавме преку заеднички пријател. Ако некој е од палестинско потекло, тој не може да биде шеик или принц. Претпоставувам дека од првиот момент зборот принц беше употребен како метафора", рече тогаш Божиќ Ал Сарај, а потоа откри како таа се чувствува во улогата на мајка.
„Мислам дека сите мајки на овој свет ќе се согласат со мене кога ќе кажам дека со мајчинството доаѓа неверојатна енергија, дека ништо не ни е тешко, или барем дека овие тешки работи се занемарливи во однос на моментите на задоволство“.
Аника го прослави својот 35-ти роденден на 18 март, а на своите следбеници на Инстаграм им покажа дел од уживањето и роденденската торта.
Фото: Инстаграм/anika_bozic
Можеби ќе ве интересира:
Дубаи ѝ го смени животот: Од хостеса до брак со богат Казахстанец