Поранешната прва дама на Франција во фармерки кои сечија фигура ја прават совршена: Ова е модел кој ѝ одговара на секоја жена

Карла Бруни, 53 - годишната менекенка и кантавторка, сопруга на поранешниот француски претседател Николас Саркози, редовно за својот фантастичен стил добива само пофалби.

Атрактивната бринета која како да не остарела ни еден ден од почетокот на својата кариера, повторно воодушеви и на Модната недела во Париз каде заблеска со едноставниот, но ефективен изглед.

Убавата поранешна прва дама, која и во шестата деценија може да се пофали со фантастична фигура, си играше со модна класика со која никогаш нема да погрешите - комбинација која вклучува црна јакна и тексас.

Совршениот крој на фармерките што ги покриваат чизмите што се носеа во 2000-тите, а кои со сигурност визуелно ги прават нозете повитки, Карла ги искомбинира со уште едно модно парче кое не излегува од мода - црн топ и кратко сако, со сатенски ревер.

фото: Profimedia

Ноншалантниот, но повторно многу женствен стајлинг инспириран од францускиот шик, атрактивната бринета со италијански корени дополнително го заокружи со чизми со шпиц и интересен ѓердан со необичен приврзок.

Ненаметливата шминка и младешката фризура со модерни „завеса“ шишки совршено се вклопуваат во ова издание кое за чиста десетка. 

Инаку, Бруни и Саркози се венчаа во 2008 година, а во 2011 година, Карла роди девојче, Џулија.