Последни прогнози на професорот Трајковски: Расте прележаноста, помал е ризикот од големо избувнување во текот на есента

Преносливоста на епидемијата останува минимално под единица и просекот на дневните броеви на нови случаи продолжува да се намалува просечно за 1,5 отсто дневно, односно околу 10 отсто неделно. Но, за прв пат по подолго време забележуваме намалување на стапката на позитивни тестови. Нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на вториот дијаграм) полека завртува надолу.

Ова на фејсбук го пишува професорот Дејан Трајковски, кој постојано прави анализи на движењето на вирусот.

Стапката на позитивни тестови ни кажува можеби и повеќе од самиот број на нови случаи, затоа што поради големото намалување на бројот на тестирањата (при раст на бројот на починати!) новите случаи се помалку ни кажуваат за трендот на епидемијата.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.