Прогласен е за најдобар фраер за 2023 година: Холивудскиот актер има 57 години и изгледа надреално добро

Изборот на магазинот People за најсекси маж на светот има култен статус и важи за еден од најавторитетните кога е во прашање оваа категорија. Во вторникот вечерта за време на шоуто на Џими Кимел славниот фраер беше прогласен кој ја доби оваа титула во тековната 2023 година. Познатиот актер Патрик Демпси е избран за најдобар фраер на планетата.

Ова е уште еден во низата показатели дека позрелите, повозрасните мажи се сè попосакувани и дека можат да застанат на линија со многу помлади господа, особено ако ги земеме предвид нивната емоционална зрелост и достигнувања.

Патрик Демпси е дефинитивно еден од мажите кои не само што изгледаат одлично, туку можат да се пофалат и со посебен вид харизма, и секако завидна кариера - тој е во светот на шоу-бизнисот повеќе од 35 години.

Згодниот 57-годишник на публиката и е најпознат по улогата на доктор Дерек Шеферд во познатата серија „Вовед во анатомија“, а оваа улога му донесе две номинации за Златен глобус.


„Многу ви благодарам. Среќен сум што ја донесов таа одлука и што бев избран оваа година“, кратко ја прокоментира Демпси титулата.

Кимел се пошегува дека не разбира зошто му требаше толку време на Патрик да добие официјална потврда дека е еден од најжешките живи мажи.

„Зошто им требаше толку време, тоа е единственото прашање што го имам. Секоја година станувате се пожешки, а тие изгледа чекаа... Како да отвораат шише старо вино, па решија да почекаат до вистинската година“ изјави водителот.

Инаку, Демпси е во брак со сопругата Џилијан Финк  веќе 24 години, а двојката има три деца - ќерката Талула (21) и близнаците Дарби и Саливан (16).

Други мажи од клубот над 50 години кои ја добија оваа титула во изборот на списанието People - беше актерот Пол во 2021 година. Минатата година Крис Еванс беше избран за најсекси маж во светот, а во 2020 година наградата му беше доделена на Мајкл Б.

Други победници во претходната деценија се Џон Леџенд (2019), Идрис Елба (2018), Блејк Шелтон (2017), Двејн Џонсон (2016), Дејвид Бекам (2015), Крис Хемсворт (2014) и Адам Левин (2013).

Фото: Јутјуб принтскрин
Извори: zena.blic.rs