Разводот пред крај: Ким и Кание ги договорија деталите а кој ќе ги земе децата?

Вест ќе може да ги гледа децата кога сака, но не и во нивниот семеен дом од кој претходно се иселил. Иако Кание е официјално сопственик на тој имот, Ким и децата ќе останат да живеат во него и повеќе не е добредојден таму

Риалити ѕвездата (40) Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Кание Вест (43), објавија странските медиуми. Кание и Ким повеќе не разговараат, но успеаја да најдат консензус околу старателството над децата преку адвокат. Тие сè уште треба да делат огромен имот, но и двајцата покажаа желба да го решат  пријателски и во интерес на децата, рекол извор близок до парот за Е вести.

Познатиот рапер ќе може да ги гледа децата кога сака, но не и во нивната семејна куќа од која претходно се иселил и се заклучил во неговиот огромен, луксузен ранч во Вајоминг. Иако Кание е официјално сопственик на тој имот, Ким и децата ќе останат да живеат во него.

Извори блиски до парот велат дека работата е завршена и дека и двајцата ќе ги потпишат документите веднаш штом ќе се договорат за сите детали. Кание долго време веруваше дека постои можност Ким да му се врати, но во последно време се откажа од идејата, тврди изворот.

Бракоразводната парница се привршуваше со години, а по бурната врска и неколкуте бизарни испади на Кание, раперот се врати во Лос Анџелес, се заклучи во студио и се посвети на работата. Тој сака да биде таму за неговите ќерки Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и 1,5-годишниот Псалм, но децата ќе живеат со Ким.


Foto: Instagram