Сара Мејс има нова тетоважа: Откриваме кое е нејзиното значење (ФОТО)

Вчерашниот ден, по повод 8-ми март познатите македонски дами испратија зборови полни со љубов, поддршка и емпатија до жените ширум светот, а некои од нив решија и да си се почестат за овој ден. 
Така, Сара Мејс реши да се истетовира.

А денес откри и за каква тетоважа станува збор - пејачката истетовирала глуварче.

Според описот на фотографијата, веројатно Мејс оддамна ја посакувала таа тетоважа и уште поверојатно има длабоко значење за неа.

Што навистина претставува тетоважата за Сара Мејс не знаеме, но постојат неколку вообичаени симболички значења на овие цвеќиња во уметноста на тетоважите, а значењето на тетоважата глуварче зависи првенствено од формата на цветот - дали цвета или дува.

Кога глуварчињата цветаат, тие обично симболизираат среќа и радост. Ова најверојатно се должи на нивната боја - ќе откриете дека повеќето жолти цвеќиња, без разлика дали се тоа рози, маргаритки или навистина глуварчиња, претставуваат радост или пријателство.

Тетоважи од глуварче кое цвета, исто така, можат да симболизираат надминување на тешкотиите, преживување на предизвизвици или процес на лекување. Можеби ова значење доаѓа од фактот дека овие цвеќиња се многу еластични и се шират многу лесно, преживуваат многу добро сами.

Доколку станува збор за тетоважа од глуварче кое е оддувано, значењето е често многу лично и не е веднаш очигледно. Сепак, постојат неколку вообичаени значења.

Едната е давање желби и носење среќа. Тоа доаѓа од старото суеверие - ако замислите желба додека дувате глуварче, таа ќе се оствари. Честа верзија на ова верување е дека треба да ги разнесете сите семиња на глуварчето во еден здив..