Се породив сама: Храбрата приказна на Снежана која го роди својот син дома во кревет

 „Издржав лавовски и околу 9 часот наутро, се роди Вук, на нашиот кревет, со мала помош од тато, кој прв го зеде во раце.“ 

-Се породив во декември 2019 година. Сама... „Како сама?“, ќе прашате. 

Некои работи едноставно се случуваат, природата едноставно го прави своето и станува совршено убаво и лесно.
Породувањето започна рано наутро, контракциите беа благи, скоро незабележливи. Одев низ куќата, сопругот ми правеше друштво, понекогаш чувствував притисок или болка, но не нешто премногу силно и неподносливо.
 Сè што имав во мојата глава беше да чекам силни болки, да чекам контракции кои стануваа се почести и да се упатам кон болницата. Иако... Не дојде, едноставно, болката не беше толку силна. 

Издржав како лав и околу 9 часот е роден Вук. На креветот, со мала помош од тато кој прв го зеде во раце. Подоцна, не однесоа во болница, таму бевме најсилниот тим, бевме sвезди, но сето тоа помина.
Некои работи се случуваат сами од себе и не треба да се плашите од породување. Ако природата дозволува, треба да се роди природно, но верувам дека е подеднакво добро чувството и по царски рез, бидејќи маките и болките сигурно поминуваат веднаш штом бебето се земе во вашата прегратка. И тоа е вистината.
Еве сега, по нешто повеќе од една година, целото мачење, болка или тага поминуваат кога ме гледа мојот силен Вук (Волк).

извор: yumama.com
фото:Shutterstock

-Во утробата ѝ починаа две бебиња: Тажна приказна на мајка која сепак се избори да има деца
-Со надеж дека нема да ѝ се случи на ниту една жена: Тешка приказна на мајка по природното породување