Што прави денес ќерката на покојната Исидора Бјелица: Се обидувам да живеам живот со кој мајка ми би била горда

Помалото дете на покојната Исидора Бјелица, Вила Еванџелина Пајкиќ, која секогаш се обидуваше да го задржи својот живот подалеку од јавноста, сега се обидува да живее живот со кој нејзината мајка би била горда. А деновиве с' се сведува на студирање и дизајнирање, но и избегнување на медиумите:

„Досега добро ми оди, се запишав на втора година на колеџ. Јас сум многу задоволна од професорите и од наставата, особено затоа што учам што ме интересира. Првата година имавме предмети поврзани со цртање и сликање, додека сега ги совладуваме основите на кроење, шиење и моделирање. Се разбира, поради пандемијата, многу работи се случуваат на Интернет, но има работи што не можат да се направат од дома. Се организираме во помали групи и на тој начин присуствуваме на часови “, вели Вила и додава дека ѝ е жал што поради ситуацијата со ковидот, на нејзината генерација ѝ недостасува дружење, студентски живот. Но, тие се слушаат онлајн секој ден преку Зум или некоја друга апликација.
Вила имаше профили на социјалните мрежи со години, но ги деактивираше скоро сите по смртта на нејзината мајка, сето тоа во обид да ја зачува приватноста.

Ако се согласи на интервју за неа, претежно зборува за студирање и колеџ:

„Јас сум уметнички тип, како дете најмногу ме интересираше да цртам. Моите родители забележаа рано, тие беа свесни дека нема да се пронајдам во повеќето училишни предмети. Едвај чекаа да дојде време за да студирам и конечно да започнам да правам работи што ми овозможуваат да се изразам онака како што сакам. Мајка ми го најде факултетот каде што студирам. Таа секогаш ме поддржуваше. Таа ме советуваше да бидам своја и слободна. Таа сакаше да го работам она што ме прави среќна, а фактот што одбрав да се занимавам со дизајн ѝ беше особено драг. Таа беше среќна што ми ја пренесе нејзината љубов кон уметноста и модата“.

За понатамошните планови, Вила за Хеломагазин изјави:

„Планирам независна модна ревија што ќе биде големо изненадување. Половина колекција е веќе готова, но имам уште многу работа. Само ќе сугерирам дека не станува збор за спортска облека Се надевам дека дотогаш ќе го убедам Лав да се појави на пистата, но не во костум и вратоврска (смеа)
Мајка ми знаеше дека планирам шоу, многу ми помагаше. Би била многу горда“, истакна таа.

Вила и Лав:


Да потсетиме: За време на долгото боледување на писателката Исидора Бјелица, Вила беше личноста која најмногу се грижеше за неа. За тоа сведочи пораката што Исидора ја објави на социјалните мрежи во тоа време:

„Мила моја, среќен роденден и нека Божјата благодат секогаш биде со тебе. Знаеш колку ме боли што ги помина последните четири години во болници во постојан страв и грижа. Додека другите девојки спиеја мирно, ти ја негуваше твојата болна мајка ноќ и ноќ. Додека другите девојки одеа на спорт, ти седеше со часови и часови на хемотерапија, но драга моја, низ целото тоа страдање, научивме повеќе за љубовта отколку што ќе ни донесе среќен живот исполнет во здравје и изобилство“.

извор:hellomagazin/ mondo

Поврзани вести:

Со текот на времето е сè потешко: Синот на Исидора Бјелица неутешен заради големата загуба

Не е ниту еден порок: Исидора Бјелица во текот на животот го посочи главниот предизвикувач на рак


Потресна колумна на Небојша Пајкиќ за Исидора: Мојата жена е девојка која верува во чуда