Син ми ќе умреше од пуканки: Лекарите мислеа дека е грип, јас знаев дека е нешто многу опасно

Лекари рекоа дека е грип но јас знаев дека е нешто многу опасно, вели мама Никол

 После ова, јас дури и не му дозволувам на детето да се приближи до пуканките. Тоа е она што го вели Никол Џонсон Годард (39), стјуардеса и мајка на малиот Неш (2), која неодамна планирала пријатна семејна вечер со децата. Покрај Неш (2), тука биле и неговите постари сестри на возраст од 7 и 9 години. Мама Никол пуштила филм и сервирала пуканки.

- Неш се задавил од пуканки. Се гушеше и се гушеше, но откако го удривме по грбот, сè беше во ред - вели Никол. Сепак, Неш наскоро започнал, како што вели неговата мајка, „чудно да кашла“. Неколку дена подоцна, тој качил температура, темепратура која никако не се симнувала.

Бидејќи било февруари и сезона на грип, лекарите не биле особено потресени. 

– Мајчиниот инстинкт ми рече дека не станува збор за грип, но се плашев дека ќе испаднам хопохондар - вели Никол, која, за среќа, му се покорила на нејзиниот инстинкт, и го однела детето на детски пулмолог. Таму биле снимени неговите бели дробови,а во неговиот респираторен тракт биле пронајдени делчиња од пуканки.

- Кога се задави од пуканки, ги повлекол сите оние мали делови што ги џвакал во себе. Имало точно шест парчиња што му се залепиле и предизвикале сериозна инфекција. Поради нив, тој мораше да претрпи две операции - вели Никол, која дури по оваа случка открила дека пуканките, грозјето и виршлите се означени како „храна со висок ризик“ кај советникот на Американската академија за педијатрија.


Можеби ќе ве интересира:

Родители внимавајте! Може да заврши фатално: Петгодишно девојче се задави додека јадеше грозје