Синот на Грејс Кели и се обрати на јавноста, а сите ја чекаа Шарлин: Што се случи со најтажната принцеза и зошто сите зборуваат за неа
Алберт Втори од Монако вчеравечер и се обрати на јавноста и упати новогодишна честитка. Сите
чекаа да видат дали неговата сопруга, принцезата Шарлин, ќе се појави на видеото.
Синот на Грејс Кели и Рени Трети им порача на граѓаните на Монако дека верува во подобра 2023 година, па се осврна на проблемите од 2022 година.
Принцот додаде дека мислите на неговото семејство се со оние кои се погодени од болест, како и со оние чии најблиски страдаат, па потсети дека животот е кревок, но и колку луѓето можат да бидат силни додека се борат со неволјите, пишува Дејли мејл.
Снимката која трае речиси четири минути е снимена во палатата во Монако. А на самиот крај се појавуваат Шарлин и нивните деца близнаци Жак и Габриела (8).
Принцезата за таа прилика облекла софистициран фустан во сребрена боја и воодушеви од стилот како и од изборот на облека што ја носеа нивните деца.
Видеото е создадено една година откако најтажната принцеза на светот се врати на своите обврски. Овој епитет го доби поради тоа што ретко се насмевнува во јавност, но и поради сите проблеми кои ги имаше.
Шарлин беше на лекување во Швајцарија поради одредени психолошки проблеми. Таа доби огромна поддршка од различни делови на светот.
Фото: Профимедиа/ Monaco info - screenshot
Извор: блиц-жена