Сите бевме заљубени во момчето на Саманта, а денес едвај ќе го препознаете: Има 52 години и го смени личниот опис (ФОТО)
Фото: Profimedia
Фановите на култната серија „Сексот и градот“ особено го обожаваа младиот дечко на Саманта кој беше покрај неа и кога таа имаше рак на дојка. Ако не се сеќавате на името на овој фраер, ние ќе ви помогнеме - Џејсон Луис.
Ја играше улогата на Џерод Смит, а кога ќе го видите 10 години по неговата улога - ќе се шокирате.
Верувале или не, Џејсон Луис сега има 52 години и изгледа сосема поинаку. Времето не го прегази, но го стигна, иако популарниот Смит сè уште го има своето карактеристично убаво лице и сини очи во кои се изгубија многу жени.
Долгата руса коса беше негов заштитен знак, но оваа русокос убавец реши да ја промени фризурата. Доби неколку брчки, а лицето повеќе не му е избричено. Сега има мустаќи и брада на која веќе се гледаат сиви влакна.
Тој беше „момчето“ на Саманта кое се претвори во вистински принц на бел коњ, а мораме да признаеме дека иако можеби е малку потешко да се препознае, сепак плени со својот изглед.
Тој веќе нема никаква врска со серијата, ниту се појавува во новото продолжение, но во интервјуто кое го даде пред две години, Џејсон се потсети на неколку сцени од снимањето, вклучително и жешки сцени со неговата девојка на екранот Саманта Џонс.
- Имаше многу снимање на истата сцена со многу луѓе во неа, тоа беше добра лекција. Кога имате многу луѓе во иста сцена, луѓето стојат на различни места и имаат различни агли на гледање. Мораа да ме снимаат од секој агол. Кутриот снимател морал да го трпи сето тоа- признал Џејсон, по што го кажал својот став зошто мисли дека серијата е актуелна и популарна и денес.
- Мислам затоа што почнува со зборот „се*с“. Секое добро напишано парче зборува за она низ што сите сме поминале, и тоа е успешно направено додека останува смешно, забавно и сензационално. Но, во секоја епизода имаше нешто емотивно, заклучил актерот.
По култната серија, Џејсон глумеше во ТВ драмата „Midnight Texas“ и неколку филмови. Покрај актерството, тој се занимава и со хуманитарна работа, особено со компанијата „Best Buddies“ која им помага на луѓето со проблемот на социјална изолација.
Извор: zena.blic.rs