Сите го сакаа во „Среќни луѓе“: Актерот е во брак со писателка, а еве како изгледа денес

Актерот Александар Дуниќ во последно време се појавува помалку во јавноста, а ги освои срцата на публиката со незаборавната улога на Констадин Кокан Продановиќ во „Семејно богатство“. Покрај тоа, тој имаше значајни улоги во сериите „Среќни луѓе“, „Stižu dolari“ и „Bela lađa“.

Оствари само две помали улоги во филмови, во „Полтрон“ и „Тесна кожа“, а очигледно е дека се здебелил неколку килограми во последните години.


Во една прилика, Александар откри зошто не завршил актерството во главниот град на Србија.

- Бев во потесен избор во Белград, не бев прифатен, но затоа Бранко Плеша ме прифати на одделот за актерска игра во Нови Сад. Имаше случајност, како и многу пати, но оваа случајност беше голема за мене бидејќи научив многу од Бранко Плеша и ми беше чест да бидам негов ученик - изјави познатиот Попац од „Среќни луѓе“ тогаш за „Блиц“.

- Во времето кога студирав, Нови Сад беше апсолутно безбеден град на убави и добронамерни луѓе. Се разбира, како странски студент, повеќе бев упатен кон други студенти кои исто така не беа од Нови Сад. Се дружевме прекрасно и учевме од еден од најдобрите. Жал ми е што животот толку не‘ раздели, па затоа не се гледаме толку колку што би сакал - додаде тој.

Дуниќ има 54 години, живее во Белград со сопругата, која е писателка и синот, кого никогаш не го потенцира во јавноста. 

Летово, Александар плачеше во програма во живо поради неговиот колега Милан Лане Гутовиќ, кој почина по сериозна болест. На Дуниќ, заминувањето ан лане му беше многу тешко.

- Посакувам ова да беше негова голема шега, Лане беше одличен актер и тој беше прекрасен човек. Тој ја гледаше комедијата како врвен израз, како нешто поголемо од трагедија и драма. Нешто што е супериорно, смеењето е карактеристика на боговите кои се способни да се насмевнат на себе и на животот. Тој го направи тоа мајсторски, но јас ја сакав неговата човечка димензија, тој беше сам, свој, посебен, силен, јак, не беше слаб, можеше да се спротистави и по цена да го чини тоа. Тој не беше конформист, лицемер и тоа е голема работа. Тој беше автентичен, никој не личеше на него. Згасна сјајната sвезда. Ќе живее се додека живее споменот за него - рече тој на „Прва“.


Фото и Видео: Youtube

Бог ми даде многу дарови, но не и да се омажам: Актерката Тања Бошковиќ, најискрено проговори за својот приватен живот