Тој роден во 1976, а сопругата во 1984: Српска лекарка низ солзи раскажува како Ковидот ги одзеде животите на двајца невакцинирани сопружници

„Минатата недела маж и жена починаа по еден ден. И двајцата невакцинирани. Таа родена во 1984 година, тој во 1976. Замислете го тоа семејство и децата кои ги загубија двајцата родители за една ноќ, бидејќи не се вакцинираа“, изјавила низ солзи д-р. Тања Аџиќ Вукичевиќ, со која тимот на Нова.рс ги посети најзагрозените пациенти во црвената зона во Ковид болницата во Батајница. 

Интензивна нега на таа болница, каде пациентите се во најлоша состојба, речиси 120 од нив - сите се на уреди без кои не би можеле да дишат, половина од нив во индуцирана кома, на респиратори, и повеќето се невакцинирани. 

„Овој бран е најсмртоносен, покрај сите наши напори, опрема, повеќе од 90 проценти од интубираните не преживуваат“, вели шефот на болницата, проф. д-р Тања Аџиќ Вукичевиќ.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.