Трета среќа за Маријан Стојаноски: Стана татко на девојче-откриено и името

Добивај вести на Viber

Маријан Стојаноски стана татко по трет пат. Со сопругата Наташа ја добија ќерката Кирјана.

„Ти благодарам Господе. Добре ни дојде ќерко, Кирјана. Да си ни жива и здрава“, рече Маријан кој веќе со Наташа ги имаат ќерката Вероника и синот Петар. Вероника ја добија во 2020 година, а година дена подоцна и Петар.

Маријан и Наташа се во брак четири години, а во 2021 година направија венчавка во црква и крштевка за ќерката. Тогаш објавија и дека го очекуваат нивното второ дете.