Тргни се од мојот сопруг, ги загрозуваш и родените деца: Новата сопруга на Кајне Вест нервозна поради Кардашијан
Новата сопруга на Кајне Вест, Бјанка Ценсори се изнервирала што телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан зборувала за нејзиниот поранешен сопруг и нивните деца во новата епизода на реалното шоу „Кардашијанс“.
Несогласувањата меѓу Канје Вест и Ким Кардашијан барем јавно беа премолчени, но сега Бјанка Ценсори го презеде водството.
Ким Кардашијан, која има четири деца со Канје Вест, на малите екрани изјави дека раперот живее во стан, без обезбедување, во кој престојуваат и нивните деца кога се со него и дека нема ниту бебиситерка, ниту готвачка.
Извори блиски до Бјанка Ценсори изјавија дека Канје Вест повеќе не живее во станот и дека има свое обезбедување.
Бјанка „полуде“ поради негативната слика што Ким ја објавува за нејзиниот сопруг и ѝ порача да се тргне од патот и да се грижи за својата работа.
„Бјанка мисли дека е прилично грубо тоа што Ким ја откри оваа информација за семејството, што всушност ја загрози безбедноста на нејзините деца. Јавноста не треба да знае дека нивните деца во секое време би можеле да бидат без телохранител“, рекол изворот, додавајќи : „Таа само сака Ким да престане да зборува за нејзиниот сопруг Канје на негативен начин за да изгледа подобро“.
Ким ги откри контроверзните детали неодамна кога сподели: „Норт ќе оди кај својот татко, а тој ќе каже: „Тато е најдобар“.Тој нема дадилка, нема готвач и нема обезбедување. Живее во стан“.
Ким Кардашијан и Канје Вест, покрај нивната ќерка Норт, која неодамна отпатува со него во Дубаи додека Бјанка престојуваше со пријателите, ја имаат и ќерката Чикаго и синовите Пслам и Сент.
Ким на малиот екран рекла и дека Норт низ солзи ја прашала: „Зошто немаш стан? Не ми се верува дека немаме“.
Бјанка Ценсори и Канје Вест минатиот декември, кога се венчаа се преселиле во стан во Западен Холивуд за кој плаќале кирија од 20.000 долари месечно. Во меѓувреме се реновирала неговата куќа во Малибу вредна 57 милиони долари. Двојката се венчаше само еден месец откако беше официјализиран неговиот развод со Ким, со која беше во брак од 2014 година.
Раперот и неговата втора сопруга до јуни немаа обезбедување или помошен персонал. Епизодата во која Ким зборува за станот и телохранителот е снимена помеѓу февруари и јули.
Според изворот, Канје сака децата да живеат едноставен живот без да уживаат во луксузот за да не станат разгалени.
Реновирањето на домот во Малибу беше запрено откако тој ја загуби градежната компанија поради финансиски проблеми предизвикани од неговите антисемитски коментари. Поради ова Вест загуби 1,6 милијарди долари и испадна од листата на милијардери на Форбс.
Извор: zena.blic.rs