Убави вести: Се вери младата пејачка Мими Јовановска

Убавата и млада пејачка Мими Јовановска, која на јавноста и е позната од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се вери.

Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот избраник, Филип.


До фотографијата на која се фотографирани Мими и Филип, со букет рози и прстен на раката на пејачката стои: „Ми рече ДА“.

Инаку, парот свири заедно, односно Филип е дел од бендот со коj соработува младата и талентирана Мими.

Честитки за веридбата.


Фото: Фејсбук/ instagram/mimijovanovskaa

Изведба која нема да ве остави рамнодушни: Мими од Велес со „Зошто си ме мајко родила“ го заврши натпреварувањето во „Гранд“