Вербата го спаси од пороци, среќа конечно пронајде во третиот брак

Пејачот Тони Цетински дури откако третпат застана пред олтар ја пронајде вистинската среќа, а на синот Кристијан и ќерката Пиа од претходните бракови е исклучително горд.

- Имам две прекрасни деца од претходните врски и среќен сум што ги имам, но љубов навистина пронајдов дури тогаш кога престанав да ја барам - појасни Цетински за магазинот Студио кој е во брак со Дубравка Дуда.

Познатиот музичар помина низ тешки животни ситуации. Прво развод, па кобната сообраќајната несреќа, во која на 3 ноември 2017 година во ценарот на Ровињ загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани, но и семејните проблеми кога неговите родители беа обвинети за затајуваање данок. Но, како што вели, со верба и љубов успеал да се издигне над непријатните моменти. Смета дека духовноста е најважниот фактор за рамнотежа во животот. Токму духовноста му помогнала во борбта против пороците.

- Долго лутав, а тоа што го барав го пронајдов дури кога паднав на колена и се откажав од сѐ - вели Цетински.