Во 1999 година Џеј Ло го доби познатиот прекар: Кој е виновен што така го именуваше и албумот?

Својот втор албум од 2001 година, Лопез го именуваше токму така...

Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез својот прекар Џеј Ло го користи во јавноста нешто повеќе од две децении, а го користи и на социјалните мрежи.

Имено, овој прекар ѝ го даде покојниот рапер Хеви Ди, кој кога одел во студиото поради нејзиниот прв албумо „On the 6“, во 1999 година ѝ се обраќал со Џени Ло, Џенифер Ло или Џеј Ло, откри пејачката на магазинот „Ин Стајл“.

Својот втор албум од 2001 година го именуваше токму така - Џеј Ло.

„Верувам дека тогаш беше прифатен во јавноста“ - рече пејачката.

Актерката Џуди Грир, која со Џенифер глумеше во филмот „The Wedding Planner“ од 2001 година, исто така се присети на создавањето на популарниот прекар.

„На снимањето сите ја викаа Џен Ло, прекарот Џеј Ло сѐ уште не постоеше. Сакам да мислам дека тоа сѐ почна од таму, во тоа студио во Калифорнија. Сигурна сум дека не, но можам да се преправам дека бев таму на самиот почеток“ - изјави Џуди.

фото: NBC/Getty Images / AP Photo/David Goldman