Во преден план е насмевката - многумина мислат дека на светот нема поубава жена од неа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нежниот изглед на лицето, долгата коса и сонливите очи го воодушевија светот кога ја видовме во спотот за песната „Crazy“ на групата „Аеросмит“. Таа и денес не се оддалечила од таа убавина и харизма.

Лив Тајлер (45) се појави на забавата на Stella McCartney X Adidas во Лос Анџелес и целосно доминираше на настанот со својата насмевка и непосредност.

Актерката и модел се одлучи за едноставна црна комбинација, која ја надополни со капут „забра“, а пуштената коса и лесната шминка беа вистинскиот избор.

Да потсетиме, Лив од 2014 година е во врска со Дејвид Гарднер со кој има две деца. Таа има син од претходната врска со музичарот Ројстон Ленгдон. Таа е посветена на семејството и живее повлечен живот во Англија.

Profimedia