Водителката Живкица и сопругот како холивудски пар: Погледнете го овој гламур

Брзото и течно зборување и добрата дикција се нејзин заштитен знак, уште од времето кога ја гледавме во забавните емисии „Мислам дека имаме хит“ и „Ајде да се обложиме“. 

Живкица Каленикова (Ѓурчиновска) порасна пред камерите, и својот занает го печеше во Македонската радио телевизија. И денес, многу години потоа како да е истото девојче од тоа време, особено затоа што насмевката, брзото зборување и позитивниот дух не се смениле кај неа. 

Жиле е мајка на три деца, вљубена е во својот сопруг Зоран и во својата работа.

А, еве како изгледаат облечени за на свадба. Отмено и со стил

Фото: Инстаграм