Првата Мис на Македонија заплови во водителските води и го промени имиџот: Вера Мештеровиќ внесува новитети во својот живот

Поминаа речиси 25 години од првиот избор за Мис на свет во Индија на кој Македонија имаше своја претставничка, во тоа време 17 годишната Вера Мештеровиќ. 

И денес, 40-годишната Вера важи за една од најубавите жени во нашиот јавен живот. Годините ретко коj би ѝ ги дал, а таа вели дека е до негата, но и до генетиката и нејзиниот детски, палав дух.

Во последно време, нејзиниот живот е исполнет со доста новитети.
Од пред една недела, Вера заплови во водителските води и стана дел од утринската програма на Канал 5, придружувајќи им се на Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска.


Вчера, Вера внесе уште една промена во нејзиниот живот.
Направи мала, но значајна промена во имиџот, осветлувајќи ја косата со прамени, следејќи ги пролетните трендови за фризура со што изгледа освежено и подготвена за нови предизвици. 


Инаку Мештеровиќ е мајка на Јована и на Андреј, а пред неколку години се разведе од фудбалерот Игор Кралевски, искуство за кое ретко зборува. 

Во инервју за Женски магазин пред една година сподели дека Јована и Андреј се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. „Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт. Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс“, рече тогаш Вера.
Таа ретко споделува фотографии од нив, но викендов објави неколку фотки од квалитетно поминато време со децата.