Забременила на 62 години, а по 16 менупауза: Сите ми велеа дека сум престара за да родам, а на сопругот (72) му се воодушевуваа
Една жена останала бремена 16 години по менопаузата! Има 62 години и тоа сознание за неа било големо изненадување...
Џени, која на социјалните мрежи се потпишува како Jennys.reviews, своето бебе го опишува како „чудо“.
Бидејќи е во прашање геријатриска бременост, и таа и нејзиниот 72 - годишен сопруг кој бил подложен на вазектомија биле изненадени.
Овој случај заинтригирал многу корисници, и секојдневно ѝ испраќаат коментари во врска со бременоста, и ја прашуваат дали ги подврзала јајниците:
„Не, моите јајници не беа подврзани, но мојот сопруг имаше вазектомија“ - објасни таа во видео на ТикТок.
Инаку, Џени има два сина, а ова бебе го сметаат за чудо.
Како што вели, многумина ѝ велеле дека е престара кога дознала за бременоста, додека на нејзиниот партнер му се воодушевувале.
Терминот за породување ѝ е на 25 ноември, а некои корисници не веруваат дека има 62 години, туку мислат дека тоа не е вистина.
Другите пак имаат пофални зборови за тоа што ќе стане мајка и ѝ велат дека „Возраста нè не дефинира“.