Загрижувачки бројки: Секој шести тестиран во Хрватска е позитивен на Ковид-19

Ако прават по 10.000 тестови за 24 часа како во Србија, теоретски би имале 1.500 инфицирани

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 275 нови случаи со коронавирус, што е помалку од вчера кога имаше рекордни 306, но денешната бројка е можеби дури и подраматична.

Имено, како што соопштија од Националниот штаб во Хрватска, само во последните 24 часа биле тестирани 1.718 лица, што значи дека дури 16 проценти од оние што го направиле тестот биле позитивни, односно дека скоро секој шести кој бил тестиран е заразен со вирусот ковид - 19!

Ако, на пример, тие прават нешто повеќе од десет илјади тестови, како што честопати се прават во Србија за 24 часа, Хрватите би можеле теоретски да имаат над 1.500 новоинфицирани!

Во земјата сега има 2.203 активни случаи со коронавирус, од кои 155 се во болница, а 12 пациенти се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата на вирусот корона, во Хрватска се регистрирани 8.175 заразени лица.