Заљубени и стилски усогласени: Елена Стефановска со момчето ужива на одмор во Хрватска (ФОТО)

Водителката Елена Стефановска деновиве ужива во убавините на Хрватска во друштво на својот партнер, Бојан Најдоски.

Авторката на емисијата „Живот со стил“ која секогаш го чува приватниот живот подалеку од јавноста и ретко објавува фотографии со партнерот, ниту пак сака да открива многу детали за љубовната приказна со Бојан.

Во моментов двојката ужива во убавините на Хрватска за што сведочат и фотографиите кои ги објави Елена, а на кој изгледаат како да се дел од светскиот џет сет.

Инаку Елена ја обожава Хрватска, особено поради фактот што таму живее нејзината сестра со внуките.

Атрактивната водителка, неодамна, во куса изјава за Женски магазин, рече дека фотографиите кажуваат сѐ. 

View this post on Instagram

A post shared by Elena Stefanovska (@elena_zivotsostil)


 „Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Сликите кажуваат сѐ. Ова е мое прво јавно откривање на фотографии со дечкото. И доволно е...“, ни изјави Елена за Бојан кој е сопственик на познат кафе-бар во Скопје. 

Во претходно интервју за Женски магазин, таа раскажа дека сака маж со традиционални вредности.