Заводливата бринета сега има нова боја на коса: Меган Фокс е платинеста русокоса и со новата фризура остава без здив (ФОТО)

Сексапилната актерка и модел покрена лавина од коментари бидејќи ја смени нијансата на косата

Актерката Меган Фокс на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која изгледа поинаку отколку што сме навикнати да ја гледаме. Таа ја носи својата нова платинесто сина нијанса на последното селфи која влече кон сребрена.

Фризурата што ја избра за ова селфи е - бранови, кои се виткаа на долниот дел од косата, но интересна е и нијансата на нејзиниот корен, кој е кафеав.



Со оваа фризура го најави филмот „Џони и Клајд“, во кој Фокс глуми сопственик на казино и шеф на криминална група.

„Вака изгледа ќерката на ѓаволот“, напиша Меган под фотографијата.

Сепак, можеби ова е само перика, бидејќи нејзиниот фризер Мајлс Џефрис ја сподели истата фотографија и ја обележа мајсторката Марија Дерман која изработува перики.