Животот започнува во 40-тите години: 5 силни причини зошто се подобри од 30-тите

Имате 40 години, имате среќа, верувајте ми!

"Животот всушност започнува во четириесеттите години. До тогаш, ние само истражуваме", е познатиот цитат од познатиот психијатар Карл Јунг.

Кога ќе наполнат 40 години, жените минуваат низ големи промени кога станува збор за нивното тело, а со тоа и здравјето. Но, тие исто така доживуваат промени во нивните навики и погледи на светот.

Дознајте подолу кои се предностите на четириесеттите во однос на триесеттите години:

1.Вие точно знаете што сакате

Поминавте низ различни фази од животот и сега точно знаете кон што се стремите и што сакате и што можете да направите. Научивте да се справувате со неволји и да учите од своите грешки.

Не мора да ги сакате сите и знаете дека тоа е невозможно. Знаете да кажете „Не“ и го правите тоа многу полесно отколку во триесеттите години. Имате поголема самодоверба.

2.Се чувствувате добро во вашата кожа

Кога ќе наполните 40 години, вашето лице покажува знаци на стареење, и може да забележите некои брчки. Но, вие сте свесни за тоа и го прифаќате фактот дека ќе ги има сè повеќе со текот на годините. Тоа е природно и не треба да се плашите од стареење. Немате проблем со тоа затоа што се чувствувате добро во вашата кожа.

3.Ги разбирате мажите и вашиот став кон нив

До четириесет години сте го стекнале кругот на пријатели и сте научиле да ги отфрлате луѓе што ви ја трошат енергијата. Мажите кои не се однесуваат добро кон вас нема што да бараат во вашата близина. Основавте семејство или уживате во врска без оглед на туѓите коментари. Можеби сте сингл, но сте задоволни од себе и среќни и знаете како да ја цените вашата слобода.

Во секој случај, повеќе не верувате во принцот на бел коњ, што ви го олеснува животот многу.

4.Конечно, можете да легнете на каучот без грижа на совест

Кога бевте помлади, уживавте да се забавувате и не ви беше тешко да го испиете вашиот омилен пијалок до раните часови или да останете будни доцна во ноќта во ресторан.

Кога ќе влезете во четириесеттите, вашите навики се менуваат, па сега веќе немате желба да излегувате, туку уживате во топол дом, опуштајќи се во дневната соба, читајќи книги или гледајќи ги омилените филмови.

5.Постојат многу полоши работи

Ова е истовремено и тажно и корисно. На 40 години искусивте толку многу што знаете дека има многу полоши работи од лош состанок.

Се разбира, тоа не значи дека повеќе не се возбудувате, но не посветувате толку многу внимание на небитни работи како порано.

фото: Shutterstock
извор: stil.kurir.rs