Смутито е напиток во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки.
Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми.
Потребни состојки:
• ½ шолја незасладено бадемово млеко
• половина замрзната банана
• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)
• 1 лажичка какао во прав
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина.
Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.