12 дена по породувањето: Емили Ратајковски покажа како изгледа

Добивај вести на Viber

Мислењата се поделени кога станува збор за овие фотографии и видео.

Познатата манекенка Емили Ратајковски се породи на 8 март, а на свет го донесе симпатичното момче Силвестер Аполо.

Иако не помина цел месец откако стана мајка, Емили гордо го покажа стомакот, кој е целосно рамен. 

Фотографијата и видео во откопчана пижама наиде на поделени коментари, неколку жени сметаат дека ваквото позирање не е соодветно за една мајка, додека други се восхитуваат на постигнатиот резултат за само дванаесет дена.


Манекенката реши да ја сподели интимноста со публиката, па затоа негативните коментари не ѝ значат многу, но таа се фокусираше на оние мајки кои го гледаат светот од пореална страна и веруваат дека с  е можно.
Сепак имаше и многумина кои сметаат дека фотографијата е направена пред да остане бремена, иако од друга страна станува збор за најновиот модел пижами од нејзината колекција кој штотуку излезе.

Не одземајќи го нејзиното позитивно искуство со телото после породувањето, кое во многу случаи не е типично искуство на повеќето жени, ако го гледате ова и не изгледате вака 11 дена по породувањето... па дури и една година после... во ред е. Сите сме убави, совршени и различни.

извор:GLOSSY

Емили Ратајковски објави фотки од породувањето: Ги разнежи сите