Биба Додева по третпат застана на „лудиот камен“: Среќните вести ги сподели поетесата Ана Бунтеска (ФОТО)

Македонската пејачка и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева по третпат застана на „лудиот камен“.

Убавите вести ги сподели нејзината долгогодишна пријателка, поетесата Ана Бунтеска, која сподели фотографии од двојката.

„Бибо моја, вечна љубов ви сакам. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“ - напиша поетесата.


За оваа прилика Биба и нејзиниот избраник беа облечени во црно, а пејачката имаше бидермаер во боите на пролетта.

На почетокот на минатиот месец во интервју за Женски магазин, на прашањето „Дали љубиш?“, Биба одговори „Ох, љубам...“, но тогаш не ни насетувавме дека наскоро ќе пристигнат овие среќни вести.

Инаку, ова е трет брак на пејачката, која ја има ќерката Емануела од која го доби внукот Александар.

фото: Фејсбук