„Да не бев јас, ќе немаше што да јаде и би била мртва“: Таткото на Бритни Спирс кој ја контролираше 14 години немаше ниту еден убав збор за неа
Фото насловна: Профимедиа
Џејми Спирс, таткото на поп-ѕвездата Бритни Спирс, по
одлуката на судот да му го
одземе старателството и контролата врз нејзините финансии и живот на пејачката,
која трае од 2008 година, изјави дека без одлука на судот и семејството кое
денес ја „заштитило“ Бритни денес не
би имала пари и не би можела да го добие старателството над синовите.
Џејми додал дека неговата ќерка веројатно и не би била ниту жива.
Џејми Спирс за прв пат проговори за големата промена во животот на неговата ќерка, која сега целосно ќе го контролира својот живот и кариера.
Минатата година, во јуни, Бритни Спирс пред судот изјави дека е жртва и извор на приход на семејството и дека и било одземено секое основно човеково право.
„Честити суде, мојот татко и сите други кои беа соучесници во контролирањето на мојот живот, вклучително и менаџерскиот тим, треба да бидат во затвор“, рече Бритни.
Таткото на Бритни Спирс ги демантираше приказните на неговата ќерка дека ја малтретирал и дека била под постојан надзор. Пејачката изјавила дека не и дозволиле да избира што ќе јаде или пие. Таа меѓу другото изјавила дека немала право да одлучува дали сака да има уште едно дете или да се омажи.
Џејми Спирс викендов во разговор со новинарите на „Дејли мејл“ ја искористил приликата да се одбрани од нападот на славната ќерка.
„Нема сите да се согласат со мене. Беше навистина пекол, но јас ја сакам ќерка ми со целото мое срце и душа“, додавајќи дека договорот за старателство во 2008 година е многу важен бидејќи во спротивно неговата ќерка денес немала да има пари и, според неговите зборови, таа најверојатно не би била жива.
„Што ќе правеше денес ако не беше старателството? Не сум сигурен дека денес ќе беше жива. Старателството беше најдобрата алатка што ја имав за да го заштитам моето дете. Без него, таа немаше да може да врати нејзините синови“, рече Џејми Спирс.
Тој вели дека му недостигаат внуците и ја искористил приликата да ја обвини ќерка си дека не ги гледала синовите и дека момчињата не сакале ни да поминуваат време со неа.
„Би ги однеле момчињата во Европа. Не им недостигаше мајка им. Луѓето не го знаат тоа. Целта беше Бритни да ги добие своите деца и да има врска со нив. Семејството сега е во целосен хаос. Единствено нешто што можам да направам е да се молам“, додава Џејми.
Таткото на пејачката се осврна на милионите кои се во прашање кога ја презеде законската одговорност за нејзината кариера. Бритни Спирс „вредна“ 50 милиони долари во времето кога беше доделено старателството на суд.
„Таа беше банкрот. Немаше пари. Целта на контролата на кариерата беше да ги врати парите. А таа, како што знаете, постојано работеше за да ги врати парите. Тоа и помогна да се стабилизира финансиски. Целта на старателството е некој да се врати во општествениот живот и живее нормален живот. Нејзините адвокати немаат поим која е вистинската вистина. Медиумите не ја слушнаа вистинската вистина. Тие ги слушнаа само нејзините обвинувања. Знам која е вистината и тоа не е проблем за таа или медиумите да ме оцрнат бидејќи знам дека тоа не е вистина“, заклучува Џејми Спирс.
Со оглед на тоа што Бритни Спирс јавно возвраќаше секој пат кога некој од нејзиното семејство зборуваше за старателството, таа мора да има подготвен одговор за нејзиниот татко.
Фото: Instagram