Додека играл на телефонот, на син ѝ му излегла реклама за нејзино ново интимно видео: Ким во солзи откако поранешниот ѝ се заканува со нови видеа

Интимното домашно видео кое ја прослави ријалите ѕвездата, се враќа да ја прогонува две децении подоцна...

Ријалити ѕвездата и бизнисменка Ким Кардашијан се најде во незавидна положба откако сфати дека нејзиното семејство нема да може да го избегне познатото секс видео од неа и раперот Реј Џеј од 2002 година, но како што тој тврди сега, не е само тоа видео.

Семејството Кардашијан неодамна го сними новото реално шоу, кое сега ќе се прикажува на платформата Hulu, едноставно наречено „The Kardashians“.
Во премиерната епизода публиката имаше можност да ја види Ким како плаче затоа што нејзиното минато го нашло патот до нејзиното семејство.

Имено, во моментот кога нејзиниот шестгодишен син Сеинт играл игра на нејзиниот телефон, лицето на Ким за момент пребледело, па брзо ѝ јавила на својата сестра Клои дека ќе ја тужи компанијата која го користи нејзиниот лик и минато за рекламирање.

Ким подоцна објасни дека видела фотографија од нејзиното расплакано лице, која водела до „досега необјавено видео од секс“.

- Бидејќи сум мајка, последно што сакам е 20 години подоцна да ми се врати минатото. Ова е многу непријатно и сега морам да се справувам со тоа. Да беше син ми малку постар, да знаеше да чита, ќе се згрозев. Умрев одвнатре – искрена беше Кардашијан.

Подоцна во разговор со нејзиниот адвокат беше спомнато дека има повеќе домашни снимки, односно дека менаџерот на нејзиното поранешно момче Реј Џеј тврди дека има интимно видео и од Санта Барбара.

- Не знам што има уште. 20 години ми виси над глава. Тоа беше грешка. Или не. Ми беше дечко тогаш. Бевме на одмор и се снимавме - вели Ким.

Таа потоа набрзо му се јавува на својот поранешен сопруг Канје Вест и низ солзи му кажува се.

- За малку ќе умрев кога Сеинт мислеше дека е смешна фотографијата од мене што ја виде. Фала богу што не знае да чита. Само преку мене мртва ќе се повтори ова. Сакам да го нема. Но ова нема да ме скрши “, рече таа.

Инаку, контроверзното видео е снимено додека Реј Џеј и Ким биле на одмор во Мексико на нејзиниот 23-ти роденден.

извор:GLOSSY

Во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила: Кортни и Тревис споделија фотки од „лудата“ венчавка

Залуден е гламурозниот изглед, кога однесувањето е невкусно: Кортни и Тревис окарактеризирани како симбол на вулгарност на Оскарите