Емина Јаховиќ има нова љубов: Во врска е со згоден програмер

Пејачката Емина Јаховиќ пред две години се разведе од поранешниот сопруг, пејачот Мустафа Сандал со кој беше во брак 14 години, а зедно имаат два сина.

По разводот таа беше во врска со турскиот милионер Садетин Саран, но врската не траеше долго, а откако се раздели со турскиот милионер  Емина не зборуваше јавно за нејзиниот емотивен живот. 

Сега, таа, наводно, е во љубов со програмерот Рон Гурчај веќе еден месец, пишува „Информер“.

Емина Јаховиќ била “фатена“ со своето ново момче во ресторан.

Како што се наведува, турските папараци ја сликале пејачката во ресторан со новиот избраник.

Според српските медиуми наводно станува збор за овој маж.

- Емина и Рон не се подготвени да се појават во јавноста, па затоа сè уште се кријат од сите. Тие честопати седат во ресторан во близина на нејзиниот дом и изгледаат многу за заљубени. Рон доаѓа во нејзината куќа, а ги запозна и нејзините синови, Јаман и Јавуз - рече анонимен извор.

- Рон, за разлика од нејзините претходни момци, не е милионер, но заработува доста солидно. Тој живее во град во Турција, но во последно време се почесто доаѓа во Истанбул - додава изворот.

-Емина Јаховиќ млада останала без татко, а нејзината љубов кон мајка ѝ е посебна: Еве како изгледа таа
-Емина објави фотографија со сестра ѝ: Сличноста ќе ве шокира
-Носев облека од сестра ми, патлиџанот ни беше луксуз: Емина проговори за тешкото детство

извор:telegraf.rs/alo.rs