Кејт Мидлтон доби нова титула од кралот која претходно му припаѓаше на принцот Вилијам
Кралот Чарлс Трети ѝ додели уште една титула на принцезата од Велс, пишува американскиот магазин „Пипл“.
Британскиот монарх ја назначи Кејт Мидлтон за нов почесен полковник на ирската гарда. Новата улога е совршена за принцезата од Велс, која речиси секоја година му оддава почит на гардискиот полк на Денот на Свети Патрик, откако се омажи за принцот Вилијам во 2011 година во Лондон.
Кејт носи зелено палто и голем број симболични модни детали на церемонијата во чест на тој полк.
Принцезата Кејт (40) всушност ја презема улогата од некој многу близок до неа, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, пишува „People“. Кралицата Елизабета го направи својот внук почесен полк на ирската гарда во 2011 година, само два месеци пред неговата венчавка со Кејт, па тој ја носеше црвената униформа на единицата како младоженец.
Палатата, исто така, објави дека првата јавна прослава на роденденот на кралот Чарлс, церемонијата позната како „Trooping the Colour“, ќе се одржи на 17 јуни 2023 година, само шест недели по неговото крунисување на 6 мај.
Чарлс е роден во ноември, но исто како и неговата мајка Елизабета Втора, и тој ќе го прослави роденденот во јуни, поради поубавото време.
Да потсетиме, Чарлс во повеќе наврати јавно ја изразуваше својата почит кон Кејт, не криејќи колку ја поддржува принцезата од Велс, која во иднина ќе ја преземе круната на кралицата како сопруга на идниот крал Вилијам.
Од друга страна, Меган Маркл имаше убави зборови за кралот, кој јавно ги поддржа неа и Хари по веста за смртта на кралицата во септември оваа година. По емитувањето на контроверзната серија „Хари и Меган“, на почетокот на месецов, се шпекулираше дека нема да бидат поканети на нивното крунисување, но ќе видиме
Фото: Youtube - screenshoot - people