Нерасположен и без Кејт: Принцот Вилијам вчера се појави на свадбата на неговата поранешна девојка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:ANDREW LLOYD / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Принцот Вилијам вчера се појави на венчавката на неговата поранешна девојка, која ја сакаше пред Кејт.

Принцот Вилијам (40) вчера се појави на свадбата на неговата поранешна девојка Роуз Фаркухар, со која беше пред повеќе од 20 години.

фото:GOFFPHOTOS.COM / GOFF PHOTOS / PROFIMEDIA

Принцот присуствуваше на свадбата на својата некогашна девојка, која ја познава од детството, а на прославата беа и нивните заеднички пријатели како Џејми Мареј Велс, Марк Томлинсон, Наташа Руфус Ајзак и Руперт Финч, кој е пак поранешното момче на Кејт Мидлтон. 

Да потсетиме, Роуз Фаркухар, поранешна натпреварувачка на шоуто „The Voice UK“, присуствуваше на свадбата на Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година.

А сега нејзиното поранешно момче, принцот од Велс дојде да биде сведок на најсреќниот ден во нејзиниот живот, кога таа му вети вечна љубов на вереникот Џорџ Гемел.

фото:GOFFPHOTOS.COM / GOFF PHOTOS / PROFIMEDIA

Никол, пријателка од детството, која исто така присуствуваше на кралската венчавка во 2011 година, ја опиша врската на Вилијам со Фаркухар како невина и нежна романса во нејзината книга „The Making of a Royal Romance“. Вилијам и Роуз се состануваа во раните 2000-ти. Иако нивната врска не траеше, тие останаа во добри односи.

Не можеме, а да не забележиме дека Вилијам беше нерасположен и намуртен како да не доаѓа на свадба, а приметено беше и дека неговата сопруга Кејт Мидлтон не беше поканета на свадбата и дека тој отиде сам.

извор:GLOSSY