Легендарната актерка на 90 години покажа завидна фигура во костим за капење, а велат дека изгледа како кралица затоа што има 30 години помлад маж
Џона Колинс, холивудската легенда, на 90-годишна возраст позираше за социјалните мрежи во костим за капење со леопард принт, а ѝ се придружи и нејзиниот петти сопруг Перси Гибсон.
Џоан Колинс се пофали дека овогодинешните божиќни празници ги поминала во бикини, сончајќи се и пливајќи во базенот во нејзиниот дом во Беверли Хилс.
Џоан ја покажа својата фигура во едноделен костим за капење, нашминкана и со наочари за сонце. Таа беше придружувана од нејзиниот 58-годишен сопруг Перси Гибсон, со кој е во среќен брак во последните 20 години.
„Имав одличен Божиќ во Беверли Хилс, можев да пливам и имав прекрасен ручек“, напиша Џоан покрај објавата.
„Изгледаш одлично и среќно“, „Не старееш“, „За неа годините се само бројка“, „Секси засекогаш“, „Убава“, „Секогаш убава“, „Така треба“, „Јас отсекогаш ти се восхитував. Класа и убава“, ја пофалија следбениците во коментарите.
Џоан и Перси се запознале во 2002 година во театарот, а холивудскиот продуцент, кој е 31 година помлад од актерката, е нејзиниот петти сопруг, по неуспешните бракови со Максвел Рид, Ентони Њули, Рон Кас и Питер Холм.
Џоан има две деца со вториот сопруг Антони, Тара и Александар, додека со третиот сопруг Рон ја доби ќерката Катајана Кас.
Во овогодинешното интервју за магазинот Сага, таа призна дека се‘ уште се мисли себе си како 40-годишна жена и дека во тоа е тајната на нејзиниот добар изглед.
Фото: Инстаграм