Мајката на Енрике Иглесијас е една од најубавите жени во Шпанија: Има 71 година, три пати се мажеше, мајка е на пет деца (ФОТО)
Мајката на познатиот пејач Енрике Иглесија неодамна се појави на свадбата на нејзината пријателка и стилистка Кристина Рејес во Мадрид каде пленеше со убавина и стил.
Изабел Прајслер има 71 година, таа се појави со својата ќерка Тамара Фалко, која поради нејзиното присуство во медиумите ја нарекуваат шпанската Ким Кардашијан.
фото:profimediaИзабел за оваа прослава избра фантастичен комплет, додека нејзината ќерка избра модно издание со колоритен дезен - не помалку ефективно.
Изабел е мајка на пет деца. Таа ја доби ќерката Тамара Фалко, со Карлс Фалко, маркизот од Грињон. Славната г-ѓа Прајслер, која важи за една од најубавите Шпанки, со бившиот партнер Мигел Бојер ја има ќерката Ана, додека во бракот со познатиот пејач Хулио Иглесијас имала три деца - ќерка и два сина, вклучувајќи го и Енрике Иглесијас.
Од 2015 година Изабел Прислер е во врска со познатиот писател Марио Варгас Љоса, кој во 2010 година ја доби Нобеловата награда за животно дело на Шведската академија во Стокхолм, што го прави првиот јужноамерикански добитник на оваа награда од 1982 година, кога му припадна на Габриел Гарсија Маркез.
фото:profimedia
Изабел е прекрасна жена која изгледа неверојатно на 71 година.
Инаку Хулио Иглесијас, таткото на Енрике има пет деца со неговата сегашна сопруга Миранда. Како што напиша шпанска „Марка“ на почетокот на годинава, познатиот пејач со години не разговара со својот син Енрике, кој се откажа од својот дел од наследството на неговиот татко.
извор:zena.blic