Мама Ана и Алексеј најголеми навивачи на тато Александар Љафтов: Поза за победничка фотка
Ана Љафтова е сопругата на македонскиот репрезентативец во одбојка Александар, кој вчера на дуелот со Данска остави срце на терен, како и неговите соиграчи за на крај да остварат победа на првиот натпревар.
Победничко селфи заедно со синот објави Ана, а среќата се гледа и на лицето на малиот Алексеј кој е најверен обожавател на тато.
Љафтов досега има големо итернационално искуство во повеќе европски лиги. Македонскиот репрезентативец настапувал во Србија, Кипар, Романија, Хрватска, Бугарија, а и во најсилната светска лига.Ана по професија е правник, а со Александар се заедно 15 години, од кои 4 полни се во брак. Плод на нивната силна љубов е малиот Алексеј, а како се запознале тие, каде сѐ имаат живеено и дел од нивното секојденвие ни раскажува денес Александра во интервјуто кое го читате подолу.
Во една прилика Ана ја раскажа нивната љубовна приказна, која може да ја прочитате тука.
Александар ме запроси на Бадник, а авионот кој двапати се обидувал да слета во Скопје за малку ќе му го расипел планот: Ана Љафтова за Женски Магазин