На чекор до победа: Мите Стоилков во топ четири во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Вечерва се одржува финалето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

За титулата ѕвезда, борбата ја започнаа 16 кандидати од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, кои кои по две години музичка борба влегоа во најтесниот круг, колку што поради пандемијата траеше оваа сезона.

Во првиот пресек на гласовите од нив само 8 кандидати продолжија понатаму, помеѓу кои беа и нашите Мите Стоилков и Марија Груевска, кои и во следниот круг се претставија со по уште настап.

На вториот пресек понатаму поминаа 4 кандидати, помеѓу кои и нашиот Мите Стоилков.

Инаку, Саша Поповиќ ги промени правилата во оваа сезона, па така победникот нема да го бира стручното жири, туку исклучиво публиката преку СМС гласање, а победникот ќе го очекува одлична награда.

„Покрај статуетката, победникот ќе добие автомобил, две песни од страна на продукцијата и комплетен маркетинг“ - пренесува „Гранд онлајн“.

За да го поддржите Мите испратете порака на 145333 број 14 за Мите Стоилков.