На Видовден почнува Петровденскиот пост: Најлесен е од сите четири, треба да ги испочитувате само овие две правила

За сите верници од православната вероисповест на Видовден, 28 јуни почнуваат Петровденските пости, кои траат до Петровден, 12 јули.

Петровденските пости се нарекуваат и апостолски, почнувајќи од првиот понеделник по Духовденската недела и траат до празникот Свети апостоли Петар и Павле, кои се прославуваат на 12 јули.

Оваа година, Петровденскиот пост е краток - трае точно 14 дена.

Иако суштината на постот не е храната, Петровденскиот пост секогаш е полесен од Божиќниот поради изобилството на свежо овошје и зеленчук.

Почетокот на постот се менува, бидејќи зависи од Велигден, а крајот е неподвижен. Поради зависноста од Велигден, Апостолскиот пост е најкратко може да трае една недела и еден ден, а најдолго шест недели.

Целта на постот, како што вели верата, не може да се постигне смао со воздржување од мрсната храна, туку и воздржувањето од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молитва.

Отецот Тадеј советува дека секој човек, во секој момент на усните треба да ја има оваа молитва: 

„Господи Исусе Христе, Сину Божји, помилувај ме“.

Доколку оваа молитва ви прејде во навика, со одреден пост и со верата во Бог, може да се преобратите и да ја смирите својата душа.

За времетраењето на Петровденскиот пост правилата наложуваат да не се јаде месе, млечни производи и јајца. Рибата, виното и маслото се јадат секој ден, освен среда и петок, кои се постат само со вода.

Денот во очи Петровден е исто така строг пост, освен ако не се падне во сабота или недеа, кога е дозволена употребата на масло.

фото: Shutterstock