Пазете се и чувајте се: Уште еден македонски пејач позитивен на Ковид-19

„Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми пријавете, тестирајте се, седете дома, не ширете зараза, бидете совесни, пејачот Боби Павловски апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, но воедно со овој негов статус на социјалната мрежа фејсбук на јавноста и соопшти дека е позитивен на коронавиирус.

„Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се “, напиша Павловски.


Фото: Фејсбук

Софче Џорлева, мајката на пејачот Огнен Здравковски, по кислородна поддршка се излечи од коронавирус